Google во Италија ќе плаќа надомест за медиумите

24

Google соопшти дека потпишал серија договори за лиценца со италијанските медиуми, со што се отвора патот за плаќање надоместоци за издавачите, согласно законот утврден со европска директива од пред две години, а што е слична на авторските права.

Овие договори ќе им овозможат на италијанските издавачи пристап до Google News Showcase, новата програма на Google што беше промовирана минатата година, со која на медиумите им се плаќа збогатен избор на содржини.

Потпишани одделно, овие договори претставуваат важна пресвртница во односот на Гугл со италијанските издавачи, плаќајќи им на издавачите како дел од Google News Showcase, се наведува во соопштението на компанијата.

Google News Showcase следните месеци ќе биде достапна во Италија, прецизира Google во соопштението.

“Овие договори претставуваат важен чекор и потврда на посветеноста на Google кон италијанските издавачи“, изјави Фабио Вакароно, извршен директор на италијанската подружница на Google.

Фото: Pixabay