Google воведува “mute“ опција за реклами

18

mac-459196_960_720

Фото: Pixabay

Со цел да им излезе во пресрет на своите корисници, Google воведе опција “mute“ за рекламите што корисниците не сакаат да ги гледаат додека пребаруваат, пишува BBC.

Станува збор за оние реклами што често се појавуваат и нудат производи и услуги од одредени веб страни што корисникот веќе ги посетил. Според Google, ова копче ќе им даде поголема контрола на корисниците во врска со тоа што го гледаат онлајн.

Рекламите што ќе бидат означени како mute ќе се заменат со други промоции. Промената ќе биде достапна за оние корисници кои имаат профил на пребарувачот. Преку табела, Google ќе им покажува на клиентите кои компании ги таргетираат за прикажување на реклами.