Google воведува нова услуга – видеоповик Duo

21

duo-PR-launch-screens_0003_screen-4

Интернет компанијата Google воведе нова услуга – видеоповик што ќе може да се воспостави помеѓу двајца корисници на паметни телефони со Android или iOS оперативен систем.

Она што ја прави оваа апликација уникатна е карактеристиката чук – чук (Knock Knock), која му овозможува на корисникот во живо да го види видеото на повикувачот пред да одговори на повикот.

Google Duo ќе функционира дури и на поспори мрежи, само треба да се намали резолуцијата.