Google забрани порнографија на своите очила

33

google_glassНабрзо откако се појави првата порнографска апликација за очилата на Google (Google Glass), компанијата итно ги промени правилата и забрани порнографска содржина, пишува Mashable.

“Не допуштаме содржини што содржат голотија, прикажување на сексуални чинови или сексуално експлицитен материјал. Google не толерира детска порнографија. Ако дознаеме дека има содржини со детска порнографија, веднаш ќе ги пријавиме на надлежните институции и ќе ги избришеме профилите на оние што се вмешани во нивната дистрибуција”, стои сега во правилникот.

Компанијата која стои зад првата порнографска апликацијата, MiKandi, најави дека ќе се прилагоди на новите правила и ќе направат нова апликација без експлицитна сексуална содржина. Извршниот директор на MiKandi, Џеси Адамс изјави дека строго се држеле до правилата и дека никој од Google не ги известил за промените.