Гордон Ремзи советува која храна никогаш не треба да ја нарачувате во ресторан

242

Навистина вреди да се дадат пари за некои оброци во ресторан, бидејќи не е лесно да ги подготвите дома. А потоа следуваат другите, кои веројатно ги преплаќате …

Познатиот британски готвач Гордон Ремзи еднаш откри дека никогаш не нарачува „супа на денот“ во ресторан, бидејќи како што вели – може да се случи да биде „супа на месецот“.

Не поднесува ниту храна од авионот, а на прашањето кој ден не треба да оди во ресторани, вели:

„Одењето во ресторан на вечера, на Денот на вљубените, никогаш не е добра идеја. Тогаш кујните се преполни, а вие не го добивате вистинското искуство. Што е поромантично од оброк подготвен за партнерот, со добро шише вино?“, вели Британецот.