Горење и Panasonic развиваат нова генерација машини за перење

49

Gorenje

Panasonic, компанија која минатата година стана косопственик на Горење од Велење, планира да развие нова генерација машини за перење алишта.

Двете компании заеднички работат на развој на нова генерација машини кои на пазарот треба да се најдат следната година.

Panasonic е многу моќен во реализација на иновации, а во Горење добро го познаваат профилот на европските купувачи, велат од словенечката компанија.

За развој на нови апарати во сите центри за развој се задолжени околу 300 експерти. Минатата година уделот на новите производи во вкупната продажба на Горење изнесувал дури 50%.