Gorenje ја затвора фабриката во Заечар

105

Две години откако беше донесена одлука да се фокусира на развој на основната дејност – производство на апарати за домаќинство и постепено да излегува од други производствени активности, раководството на Gorenje реши да ја затвори фабриката за санитарни производи под брендот Gorenje home, во Заечар, Србија. Фабриката, како што наведуваат од Gorenje, работи долго време со значителни загуби.

Раководството на Gorenje интензивно преговара со двајца потенцијални партнери кои би ги изнајмиле или би ги купиле просторот и капацитетите за производство и на тој начин би овозможиле повторно вработување на работниците од заечарската фабрика, пренесува РТС.

Според директорот на Gorenje home, Владо Кребс, одлуката да се прекине производството нема никаква врска со сегашната пандемија.

“Тоа е резултат на значителни загуби што ги има оваа фабрика, како и стратешката одлука на Gorenje да се фокусира на основната дејност на апарати за домаќинство и да се повлече од сите други дејности, како што е производството на санитарни уреди“, објаснува тој.

Со синдикатот бил постигнат договор за сите важни прашања околу раскинување на договорот за вработување и отпремнина за 102 вработени.

Фото: Facebook