Gorenje од акционерско се трансформира во друштво со ограничена одговорност

31

Фото: Facebook

Словенечкиот производител на апарати за домаќинство, Gorenje на барање на новиот сопственик, кинеската групација Hisense, се трансформира од акционерско во друштво со ограничена одговорност, пишува Zurnal 24.si.

Исто така, двослојниот систем на управување ќе се трансформира во еднослоен, па сегашниот Надзорен одбор од 11 членови и Управата од 12 членови ќе се намалат на собрание од седум директори.

Сегашните членови на Управата на Gorenje ќе станат главни извршни директори, додека актуелниот директор ќе биде управител и претседател на колегиумот на директори на Gorenje.