Gorenje планира да отпушти 2.200 вработени

43

Словенечкиот бренд за апарати за домаќинство, Hisense Gorenje, којшто е во сопственост на кинеската Hisense Group, планира да отпушти 2.200 вработени во Словенија и во други земји до крајот на оваа година, пишува SeeNews.

Како причина за оваа одлука се наведува кризата што ја предизвика коронавирусот врз финансиската состојба на компанијата.

Планот предвидува отпуштање на 1.000 вработени во Словенија – 700 од производниот погон во Велење и 300 вработени во административната единица во Љубљана.

Претходно, производството во Велење беше ставено во мирување на три недели поради пандемијата и сè уште не е вратено во целиот свој капацитет.

Во јуни 2018 година, кога Hisense го презеде Gorenje, компанијата имаше 11.061 работник, додека на почетокот на април оваа година, бројката на вработени се намали на 9.302.

Gorenje има неколку производни погони лоцирани во Словенија, Србија и Чешка. Околу две третини од вработените се во Словенија.

Фото: Facebook