Ѓорѓе Војновиќ назначен за главен извршен директор на Триглав Осигурување

27

triglav

По добивањето на согласноста од Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија, за именување на Ѓорѓе Војновиќ за член на орган на управување на Триглав Осигурување АД, Скопје, Одборот на директори на компанијата, на 17-ти ноември 2015 година, го назначи Војновиќ за главен извршен директор на Триглав Осигурување АД, се вели во соопштението.

Триглав Осигурување со Војновиќ добива искусен менаџер, но и соработник, кој ги почитува вредностите за коишто се залага и коишто ги гради и самата компанија, професионалност, експертиза, едноставност и одговорност.

“Ми претставува огромна чест и задоволство што сум повторно дел од тимот на Триглав Осигурување. Убеден сум дека заедно со Извршниот директор, Сања Танчевска и вработените во Триглав Осигурување, кои посветено и професионално се соочуваат со секојдневните предизвици, ќе придонесеме за зголемен обем и квалитет на услугите за нашите клиенти, како и што прилега на еден лидер во осигурувањето, а следствено на тоа и постигнување на уште подобри резултати на компанијата”, рече Војновиќ.