Горивата по исти цени и оваа недела

62

Цените на бензините, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство остануваат на исто ниво во однос на цените од минатата недела, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Па така, и оваа недела еден литар бензин Еуросупер БС – 95 ќе чини 68 денари за литар, а Еуросупер БС – 98 и во следните седум дена ќе се продава по 70 денари. Цената на дизелот Еуросупер (Д-Е V) и оваа недела ќе биде 62,50 денари за еден литар, а непроменета останува цената и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од 51,50 денари за литар.

Се зголемува само малопродажната цена на мазутот М- НС за 1,877 денари за килограм и новата цена ќе биде 40,424 денари.

Фото: Pixabay