Фото: Pexels
Горивата од полноќ добиваат нови и пониски цени од 1,50 до 3,50 денари за еден литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуросупер БС – 98 се намалува за 3,50 денари и ќе биде 73 денари за еден литар. Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе се продава по цена пониска за три денари и ќе чини 71,50 денари.
Малопродажните цени на дизелот Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денари за литар и ќе чинат 67,50 денари за литар, односно 56,50 денари (екстра лесното масло за домаќинство).
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,995 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 15.10.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 37,414 ден/кг.