Göss, првата еко – пиварница во светот

110

Heineken-Goss-zero-carbon-brewery-2-889x667Холандската компанија за производство на пиво Heineken ја доби својата прва еко – пиварница во светот што е 100% без емисија на штетни гасови, пишува Inhabitat. Станува збор за пиварницата Göss, којашто е лоцирана во Австрија, работи на неколку извори на обновлива енергија и се придржува на еколошки бизнис практики.

Пивото Gösser и понатаму ќе продолжи да се произведува во објектот и да се дистрибуира низ цела Европа, но без јаглеродни емисии во воздухот.
1000_solarПогонот за производство на пиво го започна своето “зелено“ реновирање уште во 2003 година, за денес целосно да работи потпирајќи се исклучиво на сончевата енергија, хидроенергијата, биогасот и вишокот енергија од една блиска мелница. Потребните состојки за пивото ќе се земаат од најблиската околина, секогаш кога ќе биде возможно, со цел да се заштеди и транспортните трошоци.

Со ваквиот начин на работење, пиварницата се очекува да ги намали емисиите на штетни гасови од 3.000 тони годишно на нула. Новата еко – пиварница е дел од еден поголем проект на Heineken, чија цел е да се намали глобалната емисија на јаглерод диоксид од производството, за 40% до крајот на 2020 година.