
Готовината сè уште доминира во плаќањата во еврозоната и покрај ширењето на дигиталните опции, при што 92 проценти од компаниите што продаваат стоки и услуги на физички продажни места ја прифаќаат, според анкетата на Европската централна банка (ЕЦБ) објавена денес.
Уделот на компании што прифаќаат готовина е малку зголемен во споредба со 2024 година, кога изнесуваше 90 проценти, се наведува во текстот.
Платежните картички ги прифаќаат 88 проценти од анкетираните компании, исто како и пред две години, но силен раст е забележан од мобилното плаќање, кое денес им овозможува на 68 проценти од компаниите, додека овој удел беше само 36 проценти пред две години.











