Готово е?

81

gotovo

Фото: Pixabay

Многу често сме се нашле во ситуација да мислиме дека некоја работа што треба да ја направиме е готова, но кога ќе дојде претпоставениот или тој/таа што ни ја има дадено задачата, ни кажуваат дека и не е баш завршена зададената задача.

Тоа е така само поради различните гледања на работите, но и поради начинот на кој се завршени работите. Едно е како ние гледаме на завршените работи, а друго како навистина тие требало да бидат завршени. Дополнително на тоа е и колку квалитетно сме ја завршиле работата.

За да не се најдете во ситуација да дојде некој и да ве искритикува дека работата што ви е дадена и не е баш завршена, направете барем некои од следниве работи:

  • Инструкции – видете дали сте ги направиле работите според инструкциите што сте ги добиле, но пред тоа проверете дали сте ги разбрале убаво инструкциите што ви биле зададени.
  • Проверка – поминете повторно низ работите што сте ги завршиле за да можете да бидете сигурни дека навистина сте ги завршиле. Направете убава контрола на тоа што сте го направиле.
  • Контрола – направете контрола на работите кои сте ги направиле и ако можете дајте некому тоа да го направи за вас.
  • Прашања – после завршување на работата, треба да си поставите прашања: дали сте можеле работата да ја завршите поинаку? Дали сте можеле да направите нешто повеќе?
  • Консултации – консултирајте се со вашите соработници за тоа дали работата што сте ја направиле е добро завршена.
  • Презентации – презентирајте ја завршената работа пред претпоставениот/те пред да заклучите дека сте завршиле со зададената работа. Побарајте и нивно мислење, дали добро сте ја завршиле.
  • Завршни работи – после сите горенаведени работи, доаѓаат на ред завршните финеси. После нивно комплетирање, веќе можеме да дефинираме дека некоја работа е завршена како што треба.

Како што можете да видите, има многу работи да се направат за да може да кажете дека сте готови. Затоа, немојте да избрзувате со тоа, туку поминете низ некои, ако не и сите чекори што ги наведов погоре, за да може со сигурност да кажете дека некоја работа Е ГОТОВА!

Со успех во имплементацијата.