Готвачи открија – како да препознаете дали некој ресторан е добар или лош

313

Корисник на Редит ги прашал готвачите на кои работи треба да  се обрне внимание при посетата на ресторан за да ги избегнат лошите ресторани. Корисниците на Редит великодушно ги споделија своите мислења, а некои од нив се претставија и како готвачи, пренесува Дневник.хр.

Подолу ги споделуваме нивните совети, па проверете дали можат да ви помогнат во изборот на квалитетни ресторани.

„Еден од најважните фактори е мирисот на ресторанот. Ако почувствувате кисел мирис или мирис на средство за дезинфекција – избегнувајте го ресторанот!“

„Ако ресторанот има аквариум, добро погледнете го. Ако е чист тоа значи дека и кујната е чиста“

„Нечист тоалет значи валкан под и валкана кујна“

„Големата понуда значи дека храната е или замрзната, претходно зготвена или повторно загреана. Во секој случај – не е свежо“

„Тепихот е лош знак. Ја намалува бучавата и не е лизгава, но е една од најодвратните работи што сум ги видел во ресторан. Со правосмукалка може да се постигне само минимум хигиена“

„Лебот е важен. Мора да биде со добар квалитет. Ако не можам да направам квалитетен леб, не можам да направам ниту друга храна.“

„Ако почувствувате силен мирис на морска храна, тоа значи дека не е свежа. Свежата морска храна нема силен мирис, се развива со текот на времето“.

„Ако видите многу остатоци од храна во туѓите чинии – бегајте!

„Ако слушнете препорака за ресторан каде што најдоброто нешто е погледот, храната ќе биде лоша. Сериозно, секогаш кога сум работел или сум јадела некаде со „прекрасен поглед“, храната е прескапа и лоша“.

„Знаеш дека си во лош ресторан ако никој не те поздрави при влегувањето и избегнува да те погледне во очи“

„Генеричките слики на менито се знак за лош ресторан, како и евтиниот прибор за јадење“.