Град во Грција лежи на злато, пронајдени 160 тони: Некогаш мека на евтиниот туризам, а откритието ја менува неговата репутација

Малиот град Килкис (Кукуш), сместен на север од Грција, до неодамна беше познат само како прифатлива алтернатива на прескапите дестинации како што се Санторини, Миконос, Крит или Атина. Но, најновото откритие би можело да му даде сосема нова репутација, пишува Независне новине.

Имено, геолошките проценки покажуваат дека Килкис лежи на огромни резерви на руда: во почвата на овој град се наоѓаат најмалку 160 тони злато и дури 720.000 тони бакар, што одеднаш го става во центарот на вниманието на рударскиот и инвестицискиот свет.

Според грчките власти, вкупните резерви на метал во оваа област би можеле да достигнат до 180 милиони тони суровина.

Од најевтината туристичка дестинација до стратешка рударска локација
На крајот на 2024 година, британскиот „Дејли експрес“ го прогласи Килкис за најзгоден град во Грција за туристите. Истражувањето спроведено од службите за продажба на билети и организирање тури до Акропол покажа дека неделниот престој во овој град чини само 629 евра во просек – значително помалку во споредба со другите туристички места во земјата.

Денес, Килкис е во центарот на вниманието од сосема поинаква причина – откривањето на потенцијално исклучително вредно минерално богатство.

Истражувањето е веќе во тек
Грчката подружница на компанијата „Велоцити Минералс“ неодамна доби официјална дозвола за истражување на рудното лежиште, која важи во следните три години.

Дозволата опфаќа истражување на површина од 39 квадратни километри, а целта е прецизно да се утврди обемот и квалитетот на минералните ресурси преку детално тестирање.