Градењето куќа сè поскапо: Раст на трошоците и за материјали и за плати во 2026

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во второто тримесечје од 2026 година во однос на претходното тримесечје се зголемени за 3.1 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во второто тримесечје од 2026 година  во однос на претходното тримесечје се зголемени за 3.1 %, трошоците за материјали за 2.8 %, a трошоците за вработените за 3.8 %.

Во второто тримесечје од 2026 година, во однос на истото тримесечје од претходната година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се зголемени за 3.3 %, трошоците за материјали за 1.9 %, а трошоците за вработените за 6.2 %.

Во второто тримесечје од 2026 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се зголемени за:

  • 3.1 % во однос на претходното тримесечје
  • 3.3 % во однос на истото тримесечје од претходната година