Градежен бум тежок 44,5 милијарди денари: Компаниите лани изградија над 3.700 нови станови!

Во 2025 година, деловните субјекти извршиле градежни работи во вредност од 44.5 милијарди денари и завршиле 3 733 станови, објави Државниот завод за статистика.

Во 2025 година деловните субјекти извршиле градежни работи во вредност од 44 516 865 илјади денари.
Во текот на 2025 година се градени вкупно 1 852 објекти и завршени се вкупно 3 733 станови со вкупна површина од 280 644 м2, од кои 3 677 се во индивидуална сопственост.

Во  2025 година:

  • Завршени се 3 733 станови, чија просечна корисна површина е  75.2 м2
  • Најмногу се градело во Скопскиот Регион