Градежен институт Македонија сака да ја преземе Фабриката Карпош

25

PROEKTIRANJEГрадежниот институт Македонија АД Скопје доби дозвола од Комисијата за хартии од вредност да ги откупи сите акции на Фабриката Карпош АД Скопје.

Комисијата информира дека понудата за откуп се однесува на 224.334 обични акции со право на глас издадени од Фабрика Карпош АД Скопје.

Понудувачот е обврзан да ги откупи хартиите од вредност по цена од 180 денари за една акција. На сметка на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, ГрадеженИнститут има депонирано паричен износ потребен за плаќање на сите хартии од вредност на кои се однесува понудата.

Најмалиот број хартии од вредност што треба да се прифати, за понудата за откуп да биде успешна е 11% од вкупниот број обични акции со право на глас, односно 32.903 обични акции.

На вчерашната седница со која претседаваше претседателот на Комисијата Елизабета Чингаровска, беа обновени и три дозволи за работење на инвестициски советник.