Градежната оператива со помалку работа во странство во првиот квартал

10

Во периодот јануари-март годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 124 008 000 денари, што е за 15,1 процент помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во првиот квартал годинава градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 29 966 000 денари, што е за 7,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.