Градежништвото во ЕУ во проблем: Шведска бележи најголем пад

49

Производството во градежништвото се намали за 1,3 проценти во Еврозоната и за 1,8 проценти во Европската унија во август во споредба со јули, проценува Еуростат.

Најголем пад имаше во Шведска, за повеќе од една десетина, потоа Унгарија со 5,9 и Германија со 3,1 отсто.

Највисокиот месечен раст се случи во Португалија, за 2,4 проценти, додека градежништвото во Словачка и Полска се зголеми за помалку од два проценти.

Во споредба со август минатата година, нискоградбата во ЕУ падна за 1,5 проценти, градењето згради за 0,7, а во еврозоната падот е уште поголем, за речиси три проценти во градежништвото и 1,3 проценти во изгрдба.

Што се однесува до годишниот пад и раст меѓу земјите -членки, тој е нешто поразличен од месечниот, особено кога станува збор за Унгарија. Најголеми губитници се Шпанија (-13,9), Романија (-7) и Словенија (-6,8). Најголем пораст е забележан во Унгарија (10,2), Полска (7,9) и Финска (4,7).