Градови каде автопатиштата се претворени во паркови

24

glavna

Изградбата на автопатишта низ градовите често се смета како решение за градскиот метеж. Но, истражувањата покажуваат дека кога возачите имаат повеќе рути на располагање, кај нив се намалува интересот за користење на алтернативен превоз како велосипед или јавен превоз. Некои градови се одлучиле да претворат делови од автопатот во паркови и помалку оптоварени улици. Портланд, Сеул, Сан Франциско, Мадрид, Милвоки и Сиетл се градовите коишто се одлучиле на ваква трансформација, некои се веќе изведени, а некои се во фаза на реализација, пишува ArchDaily.

Портланд, САД (Harbor Drive)

Во 1974 година започнала трансформацијата на овој автопат и изграден е паркот Tom McCall. Мостот Hawthorne, кој некогаш бил дел од автопатот, станува мост за велосипедисти и пешаци, поврзувајќи ја Првата Авенија со паркот.

portland-1

portland2

 Сеул, Јужна Кореја (Cheonggyecheon)

Со цел да го намали загадувањето предизвикано од 160.000 возила што дневно поминувале по овој автопат, градоначалникот донел  одлука да се изгради парк на ова место.

seul1

seul2

Сан Франциско, САД (Pier Freeway)

Во 80 – те  години од минатиот век во Сан Франциско започнува планот за рушење на автопатот California 480 и изградба на парк на истото место. Реализацијата на проектот почнува во 1991 година откако автопатот бил сериозно оштетен како последица на земјотресот во 1989 година. Студиите тогаш покажале дека повторната изградба на автопатот ќе чини многу повеќе од изградбата на паркот. Денес, ова место го има еден од најубавите погледи на заливот.

sanfr2

Мадрид, Шпанија (Madrid Río)

Во овој случај автопатот не е целосно срушен, но сообраќајот е пренасочен низ подземни тунели. Паркот е отворен во 2011 година, а на луѓето им нуди простор за спортување, шетање и разгледување на историски знаменитости.

madrid1

madrid2

Милвоки, САД (Park East Freeway)

Уште во 1960 година граѓаните се спротивставиле на изградбата на автопат низ центарот на градот, па затоа овој проект никогаш не бил завршен, туку изведени се само некои сегменти. Тие се срушени во периодот од 1999 до 2002 година кога започнува изведбата на паркот East Corridor.

milvoki1

milvoki2

Сиетл, САД (Alaskan Way)

Земјотресот од 2001 година го оштети овој автопат. Надлежните се одлучиле да изградат тунели со четири ленти, а на просторот над тунелите да се изгради парк. Реализацијата на овој проект е во тек и паркот треба да биде отворен наредната година.

sietel1