Градови на Сицилија пред банкрот поради Етна

86

Десетина градови на Сицилија се соочени со банкрот поради трошоците за расчистување на вулкански пепел од вулканот Етна, чии ерупции се редовни од февруари оваа година.

Италијанската влада за таа цел одвои пет милиони евра помош за неколку најзагрозени населби коишто се соочуваат со потешкотии при отстранување на вулканскиот пепел, а се проценува дека со секоја нова ерупција трошоците би можеле да достигнат и над милион евра.

“Ситуацијата е многу сериозна. Улиците, плоштадите, покривите, терасите, автомобилите, сè е прекриено со пепел. Од март во нашиот град паднале околу 25.000 тони пепел. Луѓето користат чадори за да се заштитат“, рекол Алфио Превитеро, локален претставник.

Според италијанскиот закон, пепелта спаѓа во категорија специјален отпад, што ги зголемува трошоците за нејзино отстранување на околу 20 евра по кубен метар.

“За да се изборат со оваа вонредна ситуација, некои од градовите се веќе презадолжени. Соочени сме со финансиски колапс“, предупредува тој.

Од февруари оваа година Етна, што се наоѓа на 3.300 метри надморска висина, еруптираше исфрлајќи лава висока дури 2.000 метри.

Фото: Pexels