Градските автобуси во Загреб со багажник за велосипеди

81

zg1

Хрватска оди чекор напред во популаризирање на возењето велосипеди, па ЗЕТ (Загрепски електрични трамваи) им понуди нова услуга на патниците – бесплатен превоз на велосипеди на носачи поставени на задната страна на градските автобуси, пишува Вечерњи лист.

Како што стои на официјалната интернет страна на ЗЕТ, се работи за пилот проект, со кој со посебни држачи засега се опремени четири автобуси.

zg3

zg2

Фото: Марко Лукуниќ