Grafeiphobia – канцелариски мебел за поголема продуктивност

116

Фото: Geoffrey Pascal

Жофре Паскал, дизајнер од Франција, креираше мебел којшто одговара и за канцеларијата, но и за оние кои работат од дома. Како инспирација за линијата мебел, наречена Grafeiphobia, на дизајнерот му послужило сопственото искуство со неудобното седење на биро додека работел.

Така, Паскал создал креативно решение, кое освен удобност при работењето, овозможува и поголема продуктивност, пишува Dezeen. Колекцијата мебел се состои од три модели Basic Besk, Triclinium Gum и Flying Man и секој од нив може да се прилагодува според потребите на корисникот.

Може да биде и кревет, столче, фотелја… да се моделира на повеќе начини, а истовремено да обезбеди комфор и природна поставеност на телото без разлика во која положба ќе одбере да работи корисникот.

За искуството да биде што подобро дизајнерот користел различна густина на пена за полнење на перничињата коишто обезбедуваат потпора на телото според стандардите на NASA. Специјалната пена е обезбедена од компанијата Recticel, чијашто специјалност се душеци.