Граѓаните избраа: Алкалоид најпосакуваната македонска компанија за вработување

49

Сте размислувале ли во која од поголемите македонски компании би се вработиле доколку имате можност? Специјализираниот сајт за вработување vrabotuvanje.com направи анкета за тоа кои се најпосакуваните компании во кои граѓаните би сакале да се вработат.  На анкетата одговориле 1.468 испитаници.

Дури 41% од испитаниците (601) се изјасниле дека би работеле во Алкалоид. Од многуте позитивни коментари издвојуваме: „Алкалоид ќе ја изберам, бидејќи е компанија со долгогодишно искуство и економски одржлива на пазарот, со развиен систем на општествена одговорност. Грижата за здравјето на сите луѓе, а посебно здравјето на децата, ја прави сама по себе „благородна” работа. Во време на економска криза и пандемија во светски размери, води грижа за здравјето на своите вработени, нивните семејства и наоѓа начин за навремена исплата на плати, нови вработувања, мотивација на вработени и нивен постојан развој. Сметам дека во оваа компанија можам многу да научам и да допринесам во иднина. „Затоа што е една од најдобрите и најоговорни фирми во Македонија и во Европа. Остава простор за развој на младите и поголем интерес кон целта во нивниот живот.“

1% од испитаниците се одлучиле за Млекара АД Битола, 2% за Прилепска Пиварница, по 3% за Зегин и А1 Македонија, а 4% би работеле во Витаминка.

Следна компанија на листата е Македонски Телеком, за која се изјасниле 7% од испитаниците. 8% од испитаниците би работеле во Пивара Скопје, а дел од коментарите на испитаниците се „Најдобра компанија со најдобри услови за работа. Една од посигурните компании во земјава.“

12% ја избрале ЕВН Македонија како компанија во која би работеле доколку имаат можност. „Одлични плати и работни услови“ – коментираат испитаниците.

За Макпетрол се изјасниле 14% од испитаниците. Во еден од коментарите за оваа компанија стои „Одлично организиран систем на работа“.

5% ја избрале опцијата „Друга компанија“.

Сите одговори и коментари можете да ги видите на Линкот.