Граѓаните ќе бидат транспортирани до државните карантини секој ден во 10 и во 20 часот

31

Граѓаните кои ќе пристигнат на граничните премини ќе бидат транспортирани до државните карантини секој ден во 10 часот и во 20 часот.

Владата на вечерашната седница донесе Уредба преку која граѓаните кои пристигнуваат на граничните премини за влез во земјава ќе бидат транспортирани до државните карантини секој ден во 10 часот и во 20 часот.

Оттаму апелираат до граѓаните кои мораат да допатуваат во земјава да ги планираат своите пристигнувања на граничните премини непосредно пред посочените термини со цел да не се создава гужва и чекање.

Фото: Pixabay