Граѓаните кои ќе се затекнат со неважечки пасош странство, ќе се вратат со патни листови

25

За три дена истекува т.н технички рок од Преспанскиот договор но и од нашите закони по однос на валидноста на исправите и документите кои што имаат меѓународна употреба, потсети министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Граѓаните кои што се затекнати во странство по 12 февруари, а се со стари патни исправи, ќе можат да се вратат во државава со патен лист кој се издава во дипломатско-конзуларните претставништва, информира на денешниот брифинг со новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Османи кажа дека нема простор за паника кај граѓаните, ДКП-ата ќе работат во две смени и сабота и недела, додавајќи дека најголем наплив за барања на патни листови има во Германија.

– Таму има и две нови мобилни станици за издавање патни исправи. Најголем е напливот во Бон, каде се издадени над 6.000 патни листови. Потоа во Берн, Берлин, Минхен, Венеција, Рим и Љубљана – рече Османи.

На 12 февруари истекува транзициониот рок од Преспанскиот договор, член 6. Османи вели дека има јасна политичка волја и од Македонија и од Грција за продолжување со целосна имплементација на договорот од Преспа.

Изрази надеж дека граѓаните ќе бидат навремено и ефикасно услужени, со совет за тие што планираат да се вратат за да вадат пасош, да знаат дека мора да има претходно обезбеден термин.