Граѓаните на Берлин гласаа за експропријација на над 200.000 станови во сопственост на корпорации

88

Гласачите во Берлин го поддржаа предлогот на градските власти од корпоративните сопственици да преземат речиси 250.000 станови, во вредност од повеќе милијарди евра, со цел да се запре растот на цените за закуп.

Според конечните резултати од oдржаниот референдум, 56,4 отсто од гласачите поддржуваат експропријација, а 39 проценти се против.

Референдумот ја принудува Владата во Берлин да ја разгледа можноста за експропријација на становите. Цените за наем изминатите години станаа недостапни за многу жители на Берлин.

Ова ги вклучува становите што припаѓаат на Deutsche Wohnen, која поседува повеќе од 100.000 единици во градот, како и Vonovia.

Во Берлин, повеќе од 84 проценти од населението живеат како пoтстанари, нагласувајќи ја поделбата помеѓу луѓето кои се чувствуваат истиснати од сè поскапиот пазар за изнајмување и оние кои сакаат да го одржат градот како центар што привлекува компании, капитал и инвестиции во домување. Не е јасно дали следната локална власт ќе го исполни овој план, што може да доведе до долги правни битки и милијарди евра трошоци.