Граѓаните на бесплатен телефонски број може да пријават неправилности со цените кај трговците

86

“Ги повикувам граѓаните да пријават на бесплатниот телефонски број 191 на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во случај на драстично зголемени цени на основни прехранбени производи.

На оваа бесплатна телефонска линија сите граѓани можат да пријават неправилности кај трговците кои што не ја почитуваат Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи“ напиша на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што информираше министерот, согласно Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало која што е објавена во Службен весник, започнувајќи од 06.12.2021 година се замрзнуваат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало на:

– леб;

– шеќер;

– брашно – тип 400;

– сончогледово масло за јадење;

– трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;

– свежо месо и сувомеснати производи;

– сирење и урда

 

Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година, напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук профил.