Граѓаните на Црна Гора должат 29 милиони евра

16

evraВкупниот долг на граѓаните на Црна Гора по основа на кредитни картички на крајот на минатата година изнесува околу 29 милиони евра, а дозволениот минус на тековните сметки изнесува 13,92 милиони, покажуваат податоците на црногорската Централна банка.

Во однос на податоците од 2012-та година, долгот на Црногорците во однос на кредитните картички на граѓаните е намален за 6%, а кај дозволениот минус е 5,9%.

Од црногорската Центерална банка потенцираат дека на крајот на декември минатата година долг на кредитните картички имале околу 27.200 граѓани.