Граѓаните ќе плаќаат до 50% поскапа струја поради немањето гасни централи

Државата во изминатиот период не изгради ниту една сопствена гасна централа. И покрај тоа што неодамна Владата најави изградба на гасни централи во Македонија, со цел државата да стане енергетски независна и во иднина да извезува електрична енергија, сепак енергетските експерти велат дека сме далеку од тоа.

Тие предупредуваат дека вистинската енергетска независност може да се постигне само доколку овие централи бидат изградени и управувани од државата, а не од странски инвеститори кој би управувал и со гасната мрежа.

-Воглавно, проблемот се сведува на неинвестирање во нови централи од обновливи извори, но и репликација на евтина половна гасна централа и нејзино поврзување со ТЕЦ Неготино, која стои како бескорисен споменик. За само 18 месеци и помалку од 100 милиони евра би добиле капацитет од 540 мегавати, што речиси целосно би го заменил РЕК Битола и би ја спасил државата од енергетска глад, изјави за „Локално“, универзитетскиот професор Дејан Трајковски.

Поради непромислените и стратешки штетни одлуки на властите, граѓаните ќе мораат да плаќаат до 50 отсто поскапа електрична енергија директно или индиректно – преку буџетот и нови задолжувања.

Прочитајте го целиот текст на Локално.мк