
Дневно, околу 2.000 работници влегуваат во Црна Гора во раните утрински часови од соседна Албанија, преку два гранични премини, Сукобин и Божај, и се враќаат во Скадар и околните градови истиот ден попладне.
„До 1.600 граѓани на Република Албанија го преминаа граничниот премин Сукобин во текот на еден ден на влезот во Црна Гора. Истиот ден, околу 1.300 лица, претежно мажи, се вратија во Албанија од Црна Гора“, наведува Полициската управа во својот одговор до порталот Приморски.
Од Скадар и неговата околина, работниците патуваат до работа во Црна Гора и преку граничниот премин Божај.
Овој тренд е актуелен во последните неколку години. Повеќето работници од Албанија работат во градежниот сектор во Улцињ, Бар, Подгорица…











