Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија шест милијарди долари

14

Британската влада проценува дека по бројните одложувања ќе мора да потроши најмалку шест милијарди долари за спроведување на граничните процедури по Брегзит, објави во понеделникот парламентарната комисија за финансии.
Британците гласаа за напуштање на ЕУ во 2016 година, но дури оваа година беа донесени нови правила за гранични контроли за да продолжат да функционираат синџирите на снабдување.

Првата фаза, која опфаќа воведување дополнителни сертификати, стапи на сила на 31 јануари. Вториот започна на 30 април со воведување на физички контроли во пристаништата. Третата, која вклучува безбедносни декларации, е закажана за 31 август.

Комитетот наведува дека Владата проценила дека ќе и бидат потребни шест милијарди долари за 13 главни мерки кои треба да овозможат проток на стоки преку граница и да се подобри спроведувањето на тие мерки во иднина.

Владата пет пати го одложи спроведувањето на целосните гранични контроли од завршувањето на преодниот период за напуштање на Унијата на 31 декември 2020 година.