Граници на можноста

21

linija

Фото: Pixabay

Атакувани со безброј информации со негативен карактер, тие сами по себе делува негативно кај речиси сите од нас. Како резултат на тоа се секојдневните забелешки во однос на исполнување и извршување на некои активности.

Сето ова доведува до секојдневно жалење дека некоја работа или што било е тешко да се изврши, проблематично или неизводливо, па оди до таму што се употребуваат и повулгарни работи.

“To hell with circumstances; I create opportunities.”

Bruce Lee

Но, што е со можностите? Што е со опцијата дека можеби нешто може да се направи? Зошто веднаш со негодување?

А многу е едноставно, работењето за развој на размислување на можности, може да ве доведе до поинакво гледање на работите, не само вас лично, туку и на останатите околу вас:

– Размислувајте позитивно – ако не знаете што мислам со ова, слободно проверете го Прирачникот Tip of the week #1, совет број 7. Совет кој може многу да ви помогне во тотално поинакво гледање на работите

– Вашето влијание – бидете свесни за вашето влијание во искажувањето на негативните работи, но и влијанието што може да го имате со размислување на некои други можности.

– Одлуки – донесувајте одлуки што ќе одат во прилог на решавање на проблемот или на задачата. Немојте да се плашите од тежината или од количината, туку плашете се од успехот, после тоа.

– Внимание – тука е фокусот за кој можете да прочитате повеќе во Прирачникот Tip of the week #2, совет број 15, но тука е активното слушање, заедно со согледувањето на можностите што ги споделуваат другите или на групни состаноци или индивидуално со вас.

– Прекинете да примате негативни информации – па или исклучете ги или намалете ги, ако е невозможно да ги исклучите. Само да знаете, не е невозможно!

– Време за себе – дајте си повеќе време за себе, со тоа што ќе инвестирате во читање на интересни списаниjа и за тоа што ве интересира, за прошетки, дружби и сето она што ви прави ќеиф на душата (само немојте да претерате).

Морето на можности е без граници и сите оние се тука околу нас и вас. Се зависи од вас самите. Затоа е и најважно да почнете од самите себеси, од мозокот, односно од промените во него!

Со успех во промените.