Grawe доби дозвола од АСО: Станува мнозински акционер во Еуролинк осигурување со 75%

170

Австрискaта компанија Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG (Grawe) од Грац, доби согласност да купи 75% од капиталот на Еуролинк осигурување, информираат од Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

“Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување на последната седница одржана на 27 февруари, постапувајќи по барањето на Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG од Грац, Република Австрија за добивање согласност за стекнување на квалификувано учество во Акционерско друштвото за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје, донесе Решение за издавање согласност за стекнување на квалификувано учество во друштво за осигурување“, стои во соопштението на АСО.

Според оваа Решение, коешто влегува во сила во денот на донесување, на Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG со седиште на ул. Herrengаsse бр.18-20, 8010 Грац, Република Австрија ѝ се дава согласност да стекне акции, коишто претставуваат вкупен кумулативен износ којшто надминува 75% од вкупно издадените акции со право на глас во Акционерското друштвото за осигурување Еуролинк Скопје.

Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG треба да ја изврши трансакцијата за стекнување на акциите во рок од 60 дена од денот на добивање на ова решение и за тоа да ја извести Агенцијата за супервизија на осигурување во рок од пет работни дена од денот на стекнувањето на акциите, стои во информацијата до јавноста од страна на АСО.

Фото: Еуролинк Осигурување