Grayscale: Метаверзумот е можност за годишни приходи од трилион долари

39

Метаверзумот има потенцијал да стане можност за годишни приходи од 1 трилион долари во светот на рекламирањето, дигиталните настани, е-трговијата, се вели во новиот извештај на крипто гигантот Grayscale.

Објавен е во услови на зголемен интерес за метаверзумот откако Facebook официјално го промени своето име во Меtа и рече дека ќе се фокусира на виртуелниот свет. Според гигантот, ова ќе биде „иднината на интернетот“.

Доказ за зголемениот интерес е купувањето парцели на виртуелно земјиште, што стана јасно оваа недела во крипто-базираните метаверзуми Decentraland и Axie Infinity. Се продаваат за повеќе од 2 милиони долари, пишува Business Insider.

Во метаверзумот, луѓето можат да играат игри, да комуницираат, да работат, па дури и да тргуваат и да заработуваат крипто-средства.

Grayscale проценува дека приходите од виртуелни игри би можеле да пораснат од околу 180 милијарди долари во 2020 година на 400 милијарди долари во 2025 година.

Grayscale управува со најголемиот фонд за криптовалути. Според гигантот, плановите на Facebook да потроши 10 милијарди долари оваа година на метаверзумот е знак за потенцијал на пазарот.

Авторите на извештајот тврдат дека метаверзумот е огромна можност за крипто компаниите.

Сè повеќе, проекти во светот на метаверзумот се градат или силно се врзуваат за крипто-технологијата што може да им даде на корисниците поголема контрола и да им овозможи да заработат пари што можат да ги користат во реалниот свет.

Извештајот на Grayscale, исто така, се фокусира на Decentraland. Луѓето влегуваат во овој метаверзум за да играат игри, да заработат во локална криптовалута наречена MANA, да купуваат вклучително и виртуелно земјиште и колекционерски предмети и да гласаат за управувањето на економијата.