Грчката економија годинава ќе порасне за 4,2 %

28

Грчката економија годинава ќе порасне со стапка од 4,2 %, изјави денеска министерот за финансии Христос Стаикурас. Во интервју за радиото Параполитика ФМ, Стаикурас рече дека економскиот тим на владата го зема предвид не само основното, туку и негативното сценарио при донесување одлуки, пренесува агенцијата АНА.

Во тие рамки, сегашната стратегија е да се обезбеди поддршка на општеството што е можно повеќе, наведе тој, додавајќи дека активностите континуирано се прилагодуваат на мерките во зависност од динамиката на здравствената криза.

Грчкиот министер за финансии потврди дека има потешкотии во реализацијата на авансната исплата од четири милијарди евра од Европскиот фонд за наплата и изрази очекување дека парите ќе бидат достапни до крајот на првата половина на 2021 година.

Фото: Pixabay