Грчката финансиска полиција отвора 6.000 банкарски сметки

19

evraГрчката финансиска полиција (SDOE) поради контрола побара отворање на 6.000 сметки во банките во рамките на истрагата за затајување на данок и корупција. Контролата на тие сметки е во рамките на сузбивање на неконтролирано богатење и перење пари, наведува SDOE.

SDOE истражува вкупно 9.620 предмети за затајување на данок, неоправдани расходи на локалните власти, незаконско управување со јавни средства и спорови по повод даночни пријави, како и поради трансфер на капитал во странство.

Грција ја дрма скандалот со листата наречена Лагард, а особено го погоди поранешниот министер за финансии Јоргос Папаконстантину, за кој се тврди дека од таа листа ги тргнал имињата на свои тројца роднини кои имаат непријавени сметки во швајцарските банки.

Грчкиот парламент треба во наредните денови да одлучи за формирање парламентарна истражна комисија, која треба да ја утврди одговорноста на поранешниот министер.