Грчкиот ланец маркети Veropoulos стана франшизен партнер на грчкиот продавач на играчки Jumbo и за подрачјето на Србија, пишува franchising.rs.
Според најавите, првата продавница за играчки Jumbo ќе биде отворена во рамките на постоечкиот Супер Веро супермаркет во Нов Белград и ќе се простира на површина од 2.800 метри квадратни.
Првата Jumbo продавница е отворена во 1986 година во Атина, а освен во Грција, продавници има и на Кипар, во Бугарија, Романија и Македонија.