Грчкиот парламент го прифати третиот пакет финансиска помош

14

grcija-580x264

Грчкиот парламент во петокот утрото, по целоноќната расправа, го прифати третиот пакет меѓународна финансиска помош во износ од дополнителни 85 милијарди евра. Законот беше прифатен со 222 гласа “за”, 64 “против” и 11 воздржани.

Премиерот Алексис Ципрас пред гласањето им се обрати на пратениците дека пакетот помош е неопходен избор за нацијата, кој ќе ѝ обезбеди опстанок и продолжување на борбата.

Попладне денеска еврогрупата во Брисел треба да даде зелено светло пред Грција да добие пристап до 3,2 милијарди евра, што треба до 20 август да ги врати на Европската централна банка.

Од Грција се очекува да го реформира пензискиот систем, да скрати од трошењето буџетски пари, да ги зголеми даноците, да ја имплементира европската директива за банките, да го реши проблемот со ненаплативите кредити…