Грчкиот пазар на труд е во криза: Им недостасуваат речиси 300.000 работници

209

На Грција ѝ недостигаат 280.000 работници во градежништвото, туризмот и угостителството, пишува Катимерини.

Порталот наведува дека, според студијата на Политехничкиот универзитет, во градежниот сектор недостасуваат околу 200.000 работници, од инженери до занаетчии.

Во туризмот и прехранбениот сектор недостасуваат околу 80.000 работници, па компаниите од тие области бараат договори со други земји за вработување на странски работници.

Недостигаат работници од тешка механизација, ѕидари, градежници, па дури и инженери, бидејќи се зголемува бројот на градилишта во земјава, наведува порталот.

Претседателот на здружението на грчките градежници, Димитрис Капсималис, изјави дека изградбата на станбена зграда, која претходно ќе траеше 18 месеци, сега трае најмалку 24 месеци, можеби и повеќе, бидејќи нема доволно градежници.

Раководните лица на грчките градежни компании сметаат дека ќе бидат потребни меѓудржавни договори со други земји за да дојдат странски работници во Грција.