Грчкиот туризам бележи добри резултати и вонсезона

62

Меѓународниот воздушен сообраќај кон Грција нагло порасна во октомври, покажаа во понеделникот податоците на регулаторот за цивилно воздухопловство, што сигнализира добри резултати во туризмот и по завршувањето на летната сезона. Пристигнувањата се зголемени повеќе од двојно во октомври во споредба со истиот период во 2020 година, со регистрирани 1.683.723 странски гости.

Грција забележа пад од 75 отсто на пристигнувањето странски гости минатата година, најголем откако почна да објавува податоци, што е тежок удар за земјата каде туризмот сочинува околу една петтина од БДП, според Ројтерс.

Затоа, владата им обезбеди на граѓаните низ целата земја вакцина и тестирање за Ковид-19 и ги отвори границите во мај, надевајќи се на зголемување од 50 отсто на бројот на посетители во однос на нивото од 2019 година.

Вкупниот сообраќај на грчките аеродроми од јануари до октомври е зголемен за 69 отсто во однос на истата година, на околу 32 милиони патници, но сепак е помал за 45,7 отсто во споредба со истиот период пред пандемијата во 2019 година, покажуваат податоците.