Грција е подготвена за најлошото сценарио

117

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека Грција презела мерки за обезбедување на енергија во текот на зимата во случај Русија да престане да испорачува гас.

Подготвени сме за најлошото можно сценарио, а тоа е Русија да ја запре испораката на природен гас“, рече Мицотакис на прес-конференција во Солун.

Тој рече дека Грција обезбедила доволно  течен природен гас, дека неколку електрани се подготвени да преминат од гас на мазут и дека капацитетите на јаглен се зголемени, пренесе Ројтерс.