Грција ги ублажува рестриктивните мерки на активности на отворено

56

Грција ги отвора продавниците и ги ублажува рестриктивните мерки што се однесуваат на активности на отворено и покрај високиот број на заразени и починати од коронавирусот.

Заменик министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас, рекол дека ќе бидат отворени сите малопродажни објекти, освен големите продавници и трговски центри.

Возењето автомобили повторно ќе биде достапно на кратки релации во текот на викендите, за семејни и собири до три лица, заради вежбање и активности на отворено.

Владата се надева дека релаксирањето на луѓето надвор од домовите ќе биде корисно во “здравствена, општествена и економска смисла“.

Грција пријавила 76 смртни случаи и над 3.600 заразени во 24 часа. Во земјата од почетокот на пандемијата се заразени повеќе од 260.000 луѓе, а починати се 8.093 лица, додека над 700 лица се наоѓаат на интензивно лекување.

Во Грција досега се искористени околу 1,6 милиони дози, а над 580.000 лица ја примиле и втората доза од вакцините.

Грчката влада оваа година планира да потроши 11,6 милијарди евра за ублажување на последиците од пандемијата, а лани потроши 24 милијарди евра.

Фото: Pexels