Грција ги укинува сите мерки – и невакцинирани ќе може да влезат во земјата

750

Грција ќе ги укине сите мерки за коронавирусот до крајот на летово, е одлуката што  ја соопшти грчкиот министер за здравство Танос Плеврис на седмиот економски форум во Делфи.

„Сите невакцинирани лица ќе можат слободно да влезат во земјава без негативен брз тест, а од септември повторно ќе се воведе брз тест“, пишува грчкиот портал Енимеротико.

На невакцинираните лица нема да им требаат тестови за седење на отворени простори во барови, кафулиња, ресторани и ноќни клубови, а оваа мерка ќе трае во текот на летото.

Според министерот за здравство враќањето на мерките ќе се случи по четири месеци и додаде дека „не ја игнорираме пандемијата, туку влегуваме во нова регуларност со укинувањето на рестрикциите, но сепак ќе бидеме подготвени за есен и вакцинација“.

Комисијата расправала летото да се помине без ограничувања и само со самотестирање, без обврска за молекуларен или брз тест. Во секој случај, процесот ќе се одвива чекор по чекор. Одлуката треба да биде донесена на 2 мај.