Грција годинава со двојно повеќе туристи од лани

57

Меѓународниот воздушен сообраќај кон Грција нагло се зголеми во август за време на летната туристичка сезона, покажаа податоците на грчката цивилна авијација. Пристигнувањата речиси двојно се зголемија во август оваа година на 3.042.098 од 1.666.222 една година порано, кога светот беше погоден од првиот бран на пандемијата Ковид-19, пишува Ројтерс.

Грција, која зависи од туризмот, претрпе најголем рекорд во падот на воздушниот сообраќај во 2020 година, со пад од 75% во споредба со претходната година.

Оваа година, со воведување на вакцинација и достапни тестови за Ковид-19, владата очекува раст на туризмот од 50 проценти во споредба со резултатите во 2019 година, кога земјата ја посетија повеќе од 30 милиони туристи. Според податоците, вкупниот сообраќај на грчките аеродроми годинава се зголемил за 53,7 проценти во првите осум месеци во споредба со минатата година, но сепак е помал за 53,8 проценти во споредба со истиот период во 2019 година.