Грција и Amazon формираат регионален вселенски хаб

41

Грчката влада и Amazon Web Services (AWS), подружница на Amazon, вчера потпишаа меморандум за создавање регионален вселенски хаб кој ќе служи како “дигитален инкубатор“, поттикнувајќи истражување и претприемништво поврзани со вселената.

Работата на центарот ќе вклучува две различни програми – развој на програми за обука и специјализација на експерти за авијација и создавање, развој и дистрибуција на бази на податоци со вселенски податоци.

Според Катимерини, владата смета дека проектот е доказ за брзата дигитална трансформација на Грција во последните две години.

Порталот Spacenews посочува дека ова е прв договор од ваков вид на AWS, кој го проширува своето вселенско присуство.

Според договорот, AWS и грчката влада ќе соработуваат во промовирањето на вселенската економија на земјата, поддржувајќи ги мерките за привлекување и обука на експерти за авијација.

Фото: Pixabay