Грција издава картички за купување храна наменета за сиромашните лица

23

grcija kasicka

Грчката влада планира преку Грчката народна банка да издаде посебна картичка за околу 150.000 граѓани, кои ќе може да ја користат за купување на храна во рамки на новата програма за помош на сиромашните зад која стои Министерството за труд, пишува порталот Ekathimerini.com.

Договорот за издавање и управување со картичката за купување на храна, кој е спонзориран од страна на државата, беше потпишан од заемодавачите и ресорното министерство.

Грчкиот министер за труд, Панос Скурлетис, го поздрави договорот како клучен чекор во спроведување на владината кампања за борба против последиците од кризата.